Таблетите Devitin D3 2000 IU содржат 2000 IU витамин D3 и се наменети за употреба кај лица со ослабен имунолошки систем, при несоодветна минерализација на коските, кај лица со остеопенија и остеопороза, при зголемено ниво на стрес, како и во сите состојби каде што е неопходна суплементација со витамин D. Покрај поволното дејство во наведените состојби, витаминот D3 придонесува за намалување на воспалителните процеси и одржување на правилната функција на мускулите.
Таблетите Devitin D3 2000 IU се препорачуваат за превенција од многу состојби и болести поврзани со недостатокот на овој важен микронутриент. Тие содржат холекалциферол – формата на витамин D што најдобро се апсорбира.
Содржат витамин D обработен со посебна технологија (микроенкапсулиран), во форма на холекалциферол, кој се одликува со најдобра апсорпција.
2000 IU од „витаминот на сонцето“ во една таблета
- За силен имунитет и зајакнување на одбранбените способности на организмот во борбата против вирусни и бактериски инфекции
- За цврсти коски и мускули
- За здравјето на кардиоваскуларниот и нервниот систем
Повеќе од 50% од Европејците имаат ниско ниво на витамин D, додека се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе ширум светот имаат ниско ниво на овој витамин, поради што сè почесто се зборува за „пандемија“ на хиповитаминоза D.
Недоволното ниво на витамин D во организмот се поврзува со зголемена зачестеност на вирусни и бактериски инфекции, како и со појава на дијабетес, кардиоваскуларни, невродегенеративни, одредени автоимуни и дерматолошки заболувања. Ниското ниво на витамин D може да биде поврзано и со зголемено ниво на стрес, анксиозност и депресија.










