GASIMETIN SIMETIKON KAПКИ 0+, 30 ML
Капките Гасиметин 0+ се медицински производ на база на симетикон кој се користи во третман и превенција на спазми предизвикани од акумулација на гасови кај бебиња, деца и возрасни. Една доза – 20 капки содржи 40 мг симетикон. Симетиконот делува така што механички ги разградува меурчињата од гасови во гастроинтестиналниот тракт и помага во нивното елиминирање. Со своето дејство, тој влијае и на олеснување на диспепсија, надуеност и гасови.
Капките Гасиметин се целосно безбедни бидејќи симетиконот не се ресорбира по орална администрација. Тие се формулирани:
- Без глутен
- Без шеќер
- Без лактоза
- Со вкус на јагода
Состав: вода, симетикон (40 mg/ml), натриум бензоат, калиум сорбат, натриум сахарин, карбоксиметилцелулоза, лимонска киселина, силициум и арома.
Симетиконот е сурфактант кој нема системско дејство и го намалува површинскиот напон на меурчињата од гас во химот и слузта на дигестивниот тракт. Ова дејство резултира со спојување и дисперзија на меурчињата од гас, така што ослободените гасови можат да се ресорбираат преку цревниот ѕид и да се елиминираат со цревна перисталтика.
Забелешка: симетиконот не го намалува производството на гасови во гастроинтестиналниот тракт и не ги ублажува состојбите како што се нетолеранција на лактоза или несаканите ефекти на лековите кои го зголемуваат формирањето на меурчиња од гас во гастроинтестиналниот тракт.
Капките Gasimetin со симетикон се лек наменет за третман и превенција на диспептични тегоби, надуеност, аерофагија и колики предизвикани од гасови кај доенчиња, деца и возрасни.
Добро протресете го производот пред употреба. Добро затворете го шишето по употреба.
Чување: Да се чува на собна температура. Чувајте го производот добро затворен и подалеку од извори на топлина. По отворањето, не го користете производот подолго од 30 дена.
Контраиндикации: Не го користете производот во случај на преосетливост на неговите состојки.