Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Рускиот балзам 200ml

Ruski балзам е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање.

Ruski балзам масажер се користат за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината.

 Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа ја подобрува и прокрвавеноста на ткивото и ја забрзува елиминацијата на токсичните производи од мускулите и околното ткиво. Затоа посебно се препорачува примената на Ruski балзам со масажер, бидејќи со загревање на болното место во комбинација со локална масажа, се постигнува потенцијација на дејствата на капсаицинот, но и позитивно влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.

  • капсаицин
  • етерично масло на зимзелено
  • етерично масло од еукалиптус
  • етерично масло од лаванда
  • етерично масло од рузмарин
  • камфор

Капсаицинот се врзува за специфичните рецептори, чувствителни на надворешните иритации и високите температури, создавајќи нервен импулс кој во мозокот се интерпретира како жарење и чувство на пецкање. Ова на одреден начин доведува до „залажување“ на мозочните сензорни зони на тие зголемувања на прагот на толеранција за болка. Со континуирана, локална примена, капсаицинот доведува до намалување на чувството на болка и воспаление.

Формулацијата е потполнета со етерично масло на зимзелено кое е богато со природен извор на метил салицил и дејствува како природен анелгетик. Применет на болното место значајно придонесува за намалување на болката кај сите мускулно-скелетни проблеми, проследени со оток.

Се препорачува кај:

  • ревматичните заболувања, грчеви и болки во мускулите
  • напнатост и вкочанетост во зглобовите
  • ослабена периферна циркулација

Упатство за употреба на Рускиот балзам

Врати се на врвот