Salvi Panten оралниот спреј содржи екстракт од жалфија, кој придонесува за правилно функционирање на горните делови на респираторниот тракт.
Екстрактот од жалфија делува како природен антисептик, ги смирува воспалителните процеси на слузницата на устата и грлото и го освежува здивот. Придонесува за зајакнување на одбранбените способности на слузницата на устата и ждрелото, со што ја намалува можноста за појава на локална инфекција.
Пантенолот ја стимулира регенерацијата на оштетената и иритирана слузница на устата и непцата и ги ублажува тегобите при воспаление на орофарингеалната слузница и засипнатост.
Хијалуронската киселина формира природен заштитен филм на слузницата на усната празнина, со што придонесува за ублажување на болката и чувството на гребење во грлото. Со создавање на заштитна бариера која го поттикнува природниот процес на регенерација, хијалуронската киселина ја смирува иритираната слузница, ја намалува засипнатоста и го олеснува голтањето.
Salvi Panten се препорачува:
- За ублажување на симптомите на воспаление на грлото, како што се болка, црвенило и чувство на гребење
- При сува кашлица и засипнатост
- При настинка и грип
- За обновување на иритираната или исушена слузница на устата и ждрелото
Начин на употреба: Отстранете го заштитното капаче. Подигнете ја прскалката и впрскајте 2–3 дози директно во усната празнина. Спрејот се користи 3 пати дневно, по оброк, до исчезнување на симптомите.
По употребата, избришете ја прскалката со хартиена марамица, вратете ја во почетната положба и ставете го заштитното капаче до следната употреба.