Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

MARISOL IN ECTOIN ГЕЛ

Marisol IN ectoin гел на сигурен и ефикасен начин ја влажни и штити носната слузница, ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина, создавајќи бариера за нивно продирање во горните респираторни патишта. Алергените може да бидат од различно потекло, а како најчести се: прашина во домот, грини, полен, амброзија, издувни гасови, смог и др.

Marisol IN ectoin gel е формулиран врз база на ектоин, кој има способност да ја опкружи својата молекула со слој од вода и да изгради таканаречен eктоин хидро комплекс. Со формирање на хидрофилм на самата површина на кожата/слузницата спречува пенетрација на честички од околината вклучувајќи и алергени и со самото тоа изостануваат реакциите на пречувствителност, односно манифестации на алергиски ринит (кивавица, затнат нос, течење на воден секрет од носот, чешање и црвенило на носот и очите…)

  • Ектоин

Ектоин е соединение кое во природата се синтетизира од страна на микроорганизми, со кое тие обезбедуваат свој опстанок во екстремни услови на надворешната средина (висока температура, висок салинитет, УВ зрачење).

Ова соединение има способност за стабилизација на интермолекуларните интеракции во виталните молекули како што се протеини и липиди. Тоа практично значи дека ектоинот ја опкружува својата молекула со слој од вода и гради таканаречен Ектоин хидро комплекс. Со формирање на хидрофилм на самата површина на кожата/слузницата  спречува пенетрација на честичките од околината, вклучувајќи ги и алергените и со самото тоа изостануваат реакциите на пречувствителност, односно манифестации на алергиски ринитис (кивавица, затнат нос, течење на воден секрет од носот, чешање и црвенило на носот и очите…).

Се препорачува:

  • Кај сува и надразнета слузница на носот чија нормална физиолошка функција е отежната
  • За секојдневна хигиена на носот, посебно во сезона на алергии, но и превентивно
  • За ублажување на симптоми на алергиски ринитис и риноконјуктивитис
  • За време на патувања и престој во простории со централно греење и клима уреди
  • Надворешно, за регенерација и ублажување на црвенило на кожата во пределот околу носот
  • Во тек на примена на интраназални кортикостероиди, за да се спречи оштетување на назалната слузница од сушење

Uputstvo Marisol IN ectoin гел

Врати се на врвот