Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Pulmint капки за инхалација

Пулминт капките за инхалација содржат комбинација од етерски масла и се користат за подготовка на влажни инхалации. Етерските масла го засилуваат лачењето на бронхијалната слуз, го разредуваат густиот и леплив секрет и го олеснуваат неговото искашлување.

Пулминт капките содржат и ментол кој заедно со етерските масла дејствува антисептично и противвоспалително на горните и долни дишни патишта, се до најситните бронхии. 

  • Алкохол
  • ментол
  • терпентинско масло
  • етерски масла од питомо нане и кедар

Пулминт капките благо го дезинфицираат воздухот и шират пријатен мирис на кедар, па се користат и за освежување на просториите.

Се препорачуваат:

  • Кај настинка и кашлица
  • Кај затнат нос и отежнато дишење
  • Кај воспаление на синусите
  • Кај главоболка (капките се вртиваат однедвор, на површината на главата)
  • За навлажнување на сувиот воздух во затворени простории
Врати се на врвот