Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

PROPOMINT EUKALIPTUS 18 ПАСТИЛИ

Propomint eukaliptus пастилите се формулирани на база на екстракт од прополис стандардизиран на 10% флавоноид галангин, со што се постигнува оптимален ефект од овој принцип на дејство. Прополисот, благодарение на високата концентрација на флавоноиди кои го содржи, претставува природна заштита и во потполност ги манифестира сите позитивни дејствија на овој пчелин производ врз човечкиот организам.
Propomint eukaliptus пастилите се збогатени со aрома на еукалиптус и ментол и даваат пријатено чувство на свежина во грлото.
Propomint eukaliptus пастилите се со проверена природна формулација која придонесува во зајакнувањето на одбрамбената способност на организмот, благотворно делува на здравјето на устата, грлото, гласните жици и дишните патишта.
✔ Можат да се користат секојдневно, со цел неутрализација на непријатниот здив.
✔ Не содржат шеќер, така што не влијаат негативно врз здравјето на забите и се погодни за употреба кај дијабетичари и лица на диета

  • Сув екстракт на прополис (стандардизиран на 10% флавоноид галангин)
  • Стевиол гликозиди
  • Етерско масло на еукалиптус
  • Кристали на ментол

Стандардизираниот екстракт од прополис содржан во пастилите, во потполност ги манифестира сите позитивни дејствија на овој пчелин производ врз човечкиот организам и претставува природна заштита, благодарение на високата концентрација на флавоноиди кој ги содржи. Во производот е инкорпориран екстракт од прополис, произведен со специјална патентирана М.Е.Д. технологија на екстракција. Прополисот може да биде потенцијален алерген, но со употребата на стандардизиран екстракт, можноста да се појави алергиска реакција е сведена на минимум. Прополисот е производ на пчелите со кои тие ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите. Прополисот традиционално се користи преку 5 000 години. Историски записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.

Стевијата е единствена природна замена за шеќер. Тоа е екстракт од билката Stevia Rebaudiana, побезбедна е од останатите засладувачи и нема несакани ефекти на организмот.

Придонесуваат:

  • За здрав имунолошки систем
  • Благотворно делуваат на устата, грлото, гласните жици и респираторниот тракт
  • Со цел за неутрализација на непријатниот здив
Врати се на врвот