Oto Perfect Aqua Clean Спреј 30мл
Спрејот Oto Perfect Aqua Clean е формулиран врз база на водород пероксид и може да се користи како ефикасно средство за плакнење на ушниот канал, омекнување и отстранување на ушната маст, како и за спречување на создавањето на чепови од ушна маст.
Со употреба на растворот во спреј Oto Perfect Aqua Clean за уши, се чисти надворешниот ушен канал, се отстранува непријатноста и се намалува ризикот од инфекција.
Стабилизиран водород пероксид
Во допир со кожата, водород пероксидот ослободува нацентен кислород, предизвикувајќи пенење кое механички ја раздробува ушната маст. Исто така, делува како антисептик, па затоа се користи за превенција од инфекции на надворешното уво.
Oto Perfect Aqua Clean се користи:
- За одржување на хигиената на ушите
- Кај лица со природна склоност кон прекумерно создавање на церумен
- За отстранување на церуменски чеп
- Кај лица кои носат слушни апарати или често користат слушалки
- За плакнење на увото непосредно пред апликација на лекови за ушна употреба