Глукоза
Натриум
Калиум
Хлориди
Шумечките таблети ORS Hydrostar придонесуваат за постигнување оптимални резултати при физички активности, бидејќи водата и електролитите помагаат во одржување на соодветен волумен и осмоларност на крвта, неопходни за ефикасен транспорт на кислород и регулирање на крвниот притисок. Тие, исто така, придонесуваат за елиминација на токсините и другите метаболички продукти, намалување на заморот предизвикан од нарушен електролитен баланс, регулирање на телесната температура, како и одржување на правилните метаболички и ензимски функции и киселинско-базната рамнотежа.
Начин на употреба: Возрасни и деца постари од 11 години: растворете 1 таблета во 120 mL (половина чаша) вода. Се препорачуваат до 4 таблети дневно.
Подготвениот раствор консумирајте го полека и почесто, при првите знаци на губење течности (во случај на повраќање, дијареја или висока температура), во текот на целиот период на траење на симптомите. Може да се користи и при секој напорен тренинг или активност што доведува до дехидратација поради прекумерно потење.
Неискористениот раствор фрлете го по 2 часа од подготовката, односно по 24 часа доколку се чува во фрижидер.