Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Gorki joni za opuštanje

Gorki joni za opuštanje се всушност кесички Магнезиум хлорид, без други адитиви, добро растворливи во вода, кои се користат при ниска концентрација на магнезиум во крвта, како и за надворешна примена, во вид на лековити купки.

Gorkite joni za opuštanje, Магнезиум хлорид придонесуваат во намалувањето на заморот, за нормално функционирање на нервниот систем, во работата на мускулите, за нормална функција на психата, во одржувањето на коскената маса и забите, при синтеза на протеините, во одржувањето на електролитната рамнотежа.

Магнезиумот има улога и во процесот на делбата на клетките во организмот.

Магнезиум хлоридот дејствува особено поволно кај мускулни болки или грчеви. Бањата, т.е. купката се препорачува за смирување, хиперактивност (природен седатив) и детоксирачки третмани.

1 кесичка содржи 3,35 g во вид на хексахидрати

Магнезиумот е есенцијален минерал за човековиот метаболизам и влегува во составот на коските, мускулите и нервниот систем. Истражувањата покажуваат дека голем број од возрасните не внесуваат доволно од овој минерал на дневно ниво (слаба апсорпција, земање диуретици, неправилна исхрана, конзумирање алкохол, неконтролиран дијабетес). Симптомите на недостаток од магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, срцебиење. Магнезиумот е клучна компонента во процесите во кои се создава мускулна енергија од јаглените хидрати, протеини и масти.

Учествува во изградба на коските, забите, ги потпомага правилните мускулни контракции, синтезата на протеини, овозможува нормална невротрансмисија која влијае врз одржување на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталното внимание и острина.
Магнезиумот може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да помогне во намалување на ризикот од дијабетес кај луѓето со прекумерна телесна тежина.

Gorki joni za opuštanje имаат соленкасто-горчлив вкус. За да се постигне попријатен вкус, растворете една кесичка во 100ml до 200ml сок, студен чај или Harmony Multivitamin освежителен напиток. Се препорачува употреба на една кесичка Горки јони за опуштање дневно.
Кесичката од горки јони може да се користи за подготовка на раствор кој се распрснува на кожата (1gr MgCl u 1ml вода) или за подготовка на лековита купка.

Упатство за употреба Gorki joni za opuštanje

Врати се на врвот