Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Chymolit forte таблети

Chymolit forte таблетите содржат комбинација од ензимите трипсин и химотрипсин, кои припаѓаат на групата најважни протеолитички ензими. Наменети се за лица со намалено производство на овие ензими.

Се препорачуваат и како дополнување на антибиотската терапија, бидејќи можат да ја подобрат пенетрацијата на антибиотиците, или самостојно за скратување на периодот на опоравување по повреди и трауми проследени со хематом, оток и воспаление.

Chymolit forte таблетите го намалуваат отокот предизвикан од апсцеси, чиреви и хируршки интервенции, а придонесуваат и за полесно исфрлање на слузта при астма, бронхитис, белодробни заболувања и заболувања на синусите.

Гастрорезистентната форма на таблетите овозможува протеолитичките ензими, по орална употреба, да не се разградуваат пред да стигнат до тенкото црево, каде што се апсорбираат. Таблетите не треба да се кршат или џвакаат.

1 таблета содржи 100.000 USP единици трипсин и химотрипсин.

Трипсинот и химотрипсинот се едни од најважните протеолитички ензими, кои покрај нивната основна улога во гастроинтестиналниот тракт, можат да имаат позитивно дејство и кај одредени воспалителни состојби. Тие се важни за процесот на варење на храната, а благодарение на нивното протеолитичко дејство придонесуваат за одржување на нормалниот проток на крвта и лимфата, спречувајќи задржување на течности во организмот, како и насобирање секрет во синусите и бронхиите.

Трипсинот и химотрипсинот го намалуваат отокот предизвикан од апсцеси, чиреви и хируршки интервенции и го олеснуваат исфрлањето на слузта при астма, бронхитис, белодробни заболувања и заболувања на синусите.

Се препорачува при:

  • нарушен проток на крвта и лимфата
  • задржување на течности во организмот
  • зголемено насобирање секрет во синусите и бронхиите
  • повреди проследени со хематом, оток и воспаление
  • антибиотска терапија
Врати се на врвот