Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Magnevital Direct, прашок за директна примена

Magnevital Direct, прашок за директна примена содржи оптимален однос на магнезиум, цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц. Придонесува за намалување на чувството на умор и исцрпеност, правилно функционирање на мускулниот, нервниот и имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот има пријатен вкус, збогатен со арома на грејп. Не содржи шеќер и глутен. Како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и неохесперидин ДЦ, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, на нервите и на срцето. Учествува во  повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, првенствено оние во кои се создава енергија. Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни луѓе не ги внесуваат дневните потреби на овој минерал (слаба апсорпција, земање диуретик, неправилна исхрана, конзумирање на алкохол, неконтролиран дијабетес). Симтомите од недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, биење на срцето. Магнезиумот учествува во изградба на коските и забите. Придонесува за правилност на мускулните контракции, синтеза на протеините, овозможува нормална невротрансмисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталниот фокус и острина. Може да придонесе за намалување на појавата на дијабетес тип 2 кај гојазните лица.

  • магнезиум (магнезиум-оксид)
  • Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина)
  • цинк (цинк-цитрат)
  • витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид)
  • витамин Б1 (тиамин-мононитрат)
  • витамин Б12 (цијаноколабамин)

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, на нервите и на срцето. Учествува во  повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, така што придонесува за претворање на јаглените хидрати, протеини и масти во енергија. Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни лица не ги внесуваат дневните потреби од овој минерал (слаба апсорпција, земање диуретик, неправилна исхрана, конзумирање на алкохол, неконтролиран дијабетес). Симптомите за недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, биење на срцето.

Магнезиумот учествува во изградбата на коските. Придонесува за правилност на мускулните контракции, синтеза на протеините, овозможува нормална невротрансимисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталниот фокус и острина. Може да придонесе за намалување на појавата на дијабетес тип 2 кај гојазните лица.

Цинкот е олигоелемент кој придонесува за оптималната функција на имунолошкиот систем, одржување на правилната функција на коските, правилната когнитивна функција, придонесува за плодност и репродукција, здрав изглед на кожата, косата и ноктите. Има значајна улога во превенција на настинка и грип како и кај хроничните инфекции, бидејќи го поттикнува имунолошкиот систем и има антиоксидативна улога.

Витамините од Б групата се неопходни за производство на енергија, како и за поделба и обновување на клетките.

Витаминот Б1 придонесува за правилна функција на нервниот систем, нормалната психолошка функција и нормалната функција на срцето.

Витаминот Б6 придонесува за правилен метаболизам и создавање на енергија, правилна функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција како и намалување на уморот и исцрпеноста.

Витаминот Б12 е хидросолубилен витамин кој има клучна улога во правилното функционирање на нервниот систем и создавање на црвените крвни клетки. Вклучен е во метаболизмот на сите клетки во човековиот организам, влијае на синтезата на генетскиот материјал (ДНК и РНК) и на метаболизмот на јаглените хидрати, амино и масните киселини. Ја подобрува способноста за концентрација, памтење и рамнотежа и поволно дејствува на изгледот на кожата и косата.

Витаминот Ц придонесува за правилната функција на имунолошкиот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на уморот и исцрпеноста. Директно влијае на намалување на траењето на симптомите што се јавуваат кај инфекциите со вируси и бактерии.

Придонесува за:

  • намалување на чувството на умор и исцрпеност
  • нормална функција на имунолошкиот систем
  • нормална функција на мускулниот систем
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • ги заштитува клетките од оксидативен стрес
Врати се на врвот