Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Propomint eukaliptus пастилите

Propomint eukaliptus пастилите се формулирани врз база на екстрактот од прополис стандардизиран на 10% флавоноид галангин со што се постигнува оптимален ефект на овој дејствувачки принцип. Прополисот благодарение на високата концентрација флавоноид што ја содржи, претставува природна заштита од штетното влијание на слободните радикали и сите видови на инфекции, било да е нивната причина бактерија, вирус или габа.

Propomint eukaliptus пастилите се збогатени со аромите на еукалиптус и ментол и даваат пријатно чувство на свежина во грлото. Се препорачува нивна примена кај болка во грлото, кашлица, инфекција и иритација на слузокожата на устата и грлото. Двата производа се формулирани без конзерванси и шеќери. Во својот состав содржат нискокалоричен засладувач стевија. Можат да се користат и секојдневно, со цел за неутрализација на непријатниот здив.

  • Сув екстракт на прополис (стандардизиран на 10% флавоноид галангин)
  • Стевиол гликозиди
  • Етерско масло на еукалиптус
  • Кристали на ментол

Стандардизираниот екстракт на прополис содржан во пастилите, во целост ги манифестира сите позитивни дејства на овој пчелен производ врз човековиот организам. Богат со лековити состојки, претставува природна заштита од штетното влијание на слободните радикали и сите видови на инфекции, било да е нивната причина бактерија, вирус или габа. За јакнење на комплетниот имунолошки ситем тој е најдобар од природата, а за тоа во прилог покажуват и клиничките испитувања, кои на неколку конкретни антибиотици докажале, дека тие се поефикасни кога се земаат со прополис отколку кога сами дејствуваат. Прополисот може да биде потенцијален алерген, но со употреба на стандардизирани екстракти, на минимум е сведена можноста да се појават алергиски реакции. Стевијата е единствена природна замена за шеќер. Тоа е екстракт на билката Стевија Ребаудиана (Stevia Rebaudiana), побезбедна од останатите засладувачи и нема несакани ефекти на организмот.

Се препорачуваат:

  • за болка во грлото и кашлица
  • за инфекции и иритација на слузокожата на устата и грлото
  • со цел за неутрализација на непријатниот здив
Врати се на врвот