Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Cirkulotok creme гел

Cirkulotok creme гелот е природен препарат на база на таксифолин, наменет за забрзување на периферната циркулација. Таксифолинот е флавоноид кој потекнува од растението сибирски ариш, и е најефикасен претставник на новата генерација антиоксиданси.

Таксифолинот ја подобрува микроциркулацијата и протокот на крвта низ капиларите и на тој начин помага кај сите состојби настанати како последица на лоша периферна циркулација (отеченост, чувство на студ, болка, пецкање, трнење, грчеви и др.). 

Камфорот, терпентинското масло и маслото од бел бор се активни принципи кои имаат потврдено позитивно дејство врз слабата периферна циркулација и придонесуваат за вкупната ефикасност на препаратот.

Благодарение на своето силно антиоксидативно дејство, тој ги штити капиларите од штетното дејство на слободните радикали кои се создаваат во организмот, го јакне капиларниот ѕид и така ја намалува можноста за нивно пукање. 

Се препорачува:

  • За лица со слаба периферна циркулација
  • Кај отечени нозе и стапала
  • За лица кои имаат проблем со грчеви во мускулите (на пр. мускулни грчеви во текот на ноќта)
  • Кај ослабена периферна циркулација која се јавува како последица на дијабетес
  • Кај проширени вени
  • Превентивно за лица кои слабо се движат или долго седат
  • Кај спортските повреди
  • Превентивно за лица кои професионално или рекреативно спортуваат, со цел да се загреат мускулите пред тренинг
  • Кај многу сува кожа која се првути
Врати се на врвот