Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

MARISOL STERILE 5ml

Изотоничен стерилен раствор за промивање на око и нос во ампули.

Marisol Sterile е стерилен физиолошки раствор кој не содржи конзерванси, а по состав, концентрација и  pH одговара на физиолошките вредности.Наменет е за секојдневна хигиена на носот и очите кај бебиња, деца и возрасни.Бидејќи хигиената на носот и очите е посебно важна кај новороденчињата, Marisol Sterile е дизајниран така што едноставно може да се употреби на бебешките мали ноздри и осетливиот предел околу очите.Пакуван е во поединечни дози при што употребата е хигиенска и едноставна.

Natrium hlorid 0,9g, прочистена вода до 100ml

Marisol Sterile и хигиената на носот :
Marisol Sterile ја влажни носната слузница и таа има повторно можност да воспостави физиолошка функција на цилиите.
Кога цилиите ја  вршат својата функција ,тие обезбедуваат  отстранување на нечистотиите кои влегуваат преку воздухот во носниот ходник. Соодветната влажност на носната слузница овозмножува и добар  муко- цилијарен клиренс т.е елиминација на сите честички кои детето ги вдишува,а меѓу кои има и потенцјално инфективни.

Marisol Sterile и хигиена на очите и очните капаци:
Marisol Sterile ја чува влажноста на очите и очните капаци и помага во нивно чистење.

Marisol Sterile и хигиена на носот:

  • За чистење и  навлажнување на слузокожата од носните канали за секојдневна хигиена или во случај на настинка
  • За одстранување вишокот слуз, нечистотијата и иритирачките материјали од носниот канал и одржување на нормално дишење во случај на затнат нос и зголемена секреција.

 

Marisol Sterile  и хигиена на очните капаци:

  • За чистење и чување на влажност на очите и очните капаци

Упатство за употреба Marisol Sterile

Vrati se na vrvot