Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

BURЯA White Glow Skin lightening cream, 40 ml

BURЯA® White Glow Skin lightening крем е крем за избелување на пигментните флеки на кожата, со единствена комбинација на активни принципи. Кремот е лесна, немасна структура која силно делува на хиперпигментација на кожата, намалувајќи ја нивната видливост. BURЯA® White Glow го подобрува целокупниот изглед на кожата, нејзината боја и текстура, и дава посебен сјај, правејќи го тенот блескав и совршено изедначен.

Содржи три ефикасни принципи кои остваруваат синергистичко дејство:

  • Биомиметички инкапсулиран пептид, иновативна состојка која значајно ги осветлува пигментните флеки на кожата после само 4 недели примена, што е потврдено со клинички студии;
  • Екстракт од корен од јапонска ангелика која диспергира веќе формиран меланин и така ја намалува видливоста на постоечките несовршености;
  • Екстракт од плод од Какада слива, извор на витамин Ц (дури 100 пати повеќе од портокал) со исклучителен антиоксидативен потенцијал.

BURЯA® White Glow содржи и драгоцено масло од марула и арганово масло кои интезивно ја негуваат кожата.

Освен на лице, BURЯA® White Glow може да се користи и во пределот на вратот, деколтето, надлактиците и други делови на телото со хиперпигментација. Делува на сите типови на кожа, вклучувајќи и старечки флеки и пеги, белези од акни и други траги на кожата настанати како последица од различни инфламаторни процеси (постинфламаторна хиперпигментација).

BURЯA® White Glow крем е погоден за сите фототипови на кожа и не содржи вештачки бои, ниту парабени.

  • Биомиметички инкапсулиран пептид за избелување на кожа
  • Екстракт од корен од јапонска ангелика
  • Екстракт од плод од Какада слива
  • Масло од марула
  • Арганово масло

Биомиметички инкапсулиран пептид за избелување на кожа, иновативна состојка која со специјален механизам ја инхибира синтезата на меланин и значајно ги осветлува пигментните флеки на кожата после 4 недели примена, што е потврдено со клинички студии. Додатна предност на оваа состојка е постоењето на специјална фосфолипидна капсула која овозможува подобро продирање на пептидите во кожата.

Екстракт од корен од јапонска ангелика диспергира веќе формиран меланин и така ја намалува видливоста на постоечките несовршености.

Екстракт од плод од Какада слива, извонреден извор на витамин Ц (дури 100 пати повеќе од портокал), покажал извонредни клинички резултати во поглед на намалување на појавата и видливоста на борите и зголемување на сјајот на кожата после само две недели примена. Поради високата содржина на витамин Ц, плод од Какада слива, поседува и исклучителен антиоксидативен потенцијал.

Масло од марула е моќен антиоксиданс и идеален е за хидратација на сите типови на кожа.

Арганово масло одамна е познато како одлична состојка за нега на кожата – содржи антиоксиданси витамин А и Е, како и заситени и незаситени масни киселини.

  • Силно намалување на видливоста на пигментните флеки на кожата
  • Клиничка докажана ефикасност на активни состојки
  • За сите фототипови на кожа
  • Погоден за континуирана примена
  • Некомедогена формулација
  • За жени, мажи и тинејџери
  • Без вештачки бои и парабени

Упатство за употреба BURЯA® White Glow 

Врати се на врвот