Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

VIVIDENТ MINT FRESH

Vivident Mint fresh раствор се користи за хигиена на усната шуплина, помага во одржување на здравјето на непцата и ја намалува можноста за развој на инфекции во усната шуплина. Делува така што ја спречува и намалува појавата на забен плак, главниот причинител на воспаление на непцата, ги отстранува бактериите помеѓу забите и го освежува здивот. Се користи во третман на површински инфекции на усната слузница и грлото, кај мали повреди на слузницата и воспаленија и крварења на непцата, како и во насока на превенција од инфекции пред и по изведување на стоматолошки и хируршки интервенции во усната шуплина.

  • 0,2 % хлорхексидин – диглуконат
  • Етерично масло од ментол
  • Етерично масло од еукалиптус
  • Екстракт од Алое вера

Активната компонента на растворот е хлорхексидин-диглуконат, кој делува антибактериски и ја штити површината на забите од создавање на бактериски биофилм и до 12 часа, а притоа да не ги обојува забите. Vivident Mint Fresh раствор ја спречува и намалува појавата на забен плак, главниот причинител на воспаленија на непцата, ги отстранува бактериите помеѓу забите. Етеричното масло од ментол помага да се отстрани непријатниот мирис од устата и овозможува долготрајно свеж здив.

Се препорачува:

  • за хигиена на усната шуплина
  • за ублажување на симптомите на воспаление на непцата, слузницата во устата и грлото
  • како дополнување на третманот на гингивитис, пародонтопатија, афти, стоматитис, тонзилитис, фарингитис
  • за испирање на усната шуплина и длабоко испирање на пародонтални џебови во рамките на комплексна терапија на сите облици на пародонтопатија
  • кај лица кои носат протези
  • како дополнување во третман на непца после хируршка интервенција во усната шуплина
  • за долготрајно освежување на здивот

Uputstvo Vivident Mint fresh раствор

Vrati se na vrvot