Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Khan Plus, Тигров антиревматски спреј, 200ml

Khan+ тигровиот спреј поседува единствена формулација збогатена со екстракти од коренот на ѓаволска канџа и темјан. Во својот состав содржи и етерични масла од еукалиптус и каранфилче, како и ментол, камфор и метил салицилат.
Природните активни принципи со заедничко дејствување доведуваат до отстранување на болката, отоците и воспалението на ниво на зглобовите, мускулите, коските и околните структури.

Примена на Khan+ тигровиот спреј се препорачува кај ревматските заболувања, лумбага, невралгија и вкочанетост, како и кај шинувања, исчашувања и истегнувања настанати при спортски или рекреативни активности. Спрејот влијае и на подобрување на микроциркулацијата, што резултира со подобра прокрвавеност на ткивото и доведува до ублажување на болките, воспаленијата и отоците и зголемена подвижност на третираниот дел од телото.

  • екстракт на корен од ѓаволска канџа
  • екстракт од темјан
  • ментол
  • камфор
  • метил салицилат
  • етерично масло од каранфилче
  • етерично масло од еукалиптус

Благодарение на внимателно одбраните активни принципи, Кан+ (Khan+) тигровиот спреј брзо и ефикасно ја смирува болката и воспалението и ја зголемува прокрвавеноста на местото на примената.

Ѓаволската канџа е билка чиј корен ја содржи активната состојка харпагозид кој дејствува како ефикасен антиинфламатор, така што поттикнува отстранување на токсичните материи на ниво на зглобовите стимулирајќи ги природните механизми на намалување на воспалението. Последично, доведува до подобрување на подвижноста на зглобовите. Истражувањата покажале дека екстрактот на ѓаволската канџа покажува поволно дејство и кај гихтот.

Применет локално, овој екстракт претставува одлично дополнение на терапијата дегенеративни ревматични заболувања каде што доминантни симптоми се воспаление и болки во зглобовите, мускулите и фиброзното ткиво.

Темјанот претставува смола што ја лачи билката од родот Босвелиа – Boswellia и се користи за ублажување на воспалителните процеси и болки во зглобовите.

Најзначајните активни принципи на оваа смола се босвеличните киселини кои го спречуваат формирањето на леукотриен во организмот кои нормално настануваат во воспалителниот процес и се одговорни за настанокот на воспалителните знаци.

Метил салицилатот и ментолот ја подобруваат прокрвавеноста на кожата и ги ублажуваат акутните и хронични болки во мускулите и зглобовите, дејствувајќи на нервните завршетоци и крвните садови во кожата.

Дополнително, зголемената снабденост на кожата со крв овозможува подобри дејствување на другите компоненти од спрејот.

Метил салицилатот е изолиран од зимзелено масло и, како дериват на салицилната киселина, може да дејствува по пат на салицилатните аналгоантипиретици т.е. со истиот механизам да влијаат на воспалителните процеси во ткивата. Го блокира преносот на нервните импулси од подлабоко сместените мускулно-коскени структури и ги намалува болните сензации. Неговиот ефект е значаен и кај појавата на грчевите во мускулите и придружната болка, бидејќи, топикално наменет, доведува до вазодилатација, зголемен проток на крвта и отстранувања на насобраната млечна киселина.

Камфорот наоѓа примена кај болките во мускулите и зглобовите бидејќи поседува благ анестетички ефект, со директно дејствување на рецепторите за болка, Исто така, пружа единствено чувство – на ладење, а потоа загревање, зголемувајќи го протокот на крвта на местото на примената.

Етерското масло од каранфилче е благ природен анестетик, со антиоксидативни и антинфламаторни својства.

Етерското масло од еукалиптус покажува анелгетско и антинфламаторно дејствување.

Се препорачува кај:

  • акутните и хронични воспаленија и болки во коските, зглобовите и мускулите
  • ревматичните заболувања
  • спортски повреди
  • подобрување на периферната циркулација

По потреба да се нанесе спрејот на болното место и полека да се втрие до целосно впивање.

Врати се на врвот