Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

ImunoBeta glukan сируп

Imunoβeta β-glukan сирупот во својот состав содржи бета-Д-глукан изолиран од печурката буковка (Pleurotus ostreatus) и витамин C.

Оваа комбинација на состојки придонесува во подобрување на имунолошкиот одговор и одбрамбената реакција од вируси, бактерии, габички и сите останати микроорганизми и токсини кои претставуваат закана врз здравјето на организмот.

Се препорачува кај состојби на ослабен имунитет, кај чести инфекции на респираторниот тракт и хронични воспаленија, а позитивно делува и во намалување на нивото на LDL-холестеролот и нормализирање на гликемијата.

 Едноставното дозирање и добриот вкус овозможуваат примена на Imunoβeta β-glukan сирупот и кај деца од 3 години. За деца од 1-3 години потребна е консултација со лекар.

  • beta-D-glukan изолиран од буковка
  • витамин C

Beta glukan е природен полисахарид, кој припаѓа на групата т.н. „модификатори на имунолошкиот одговор“. Макрофагите (имунолошките клетки) претставуваат прва линија во одбраната на организмот од сите предизвикувачи на болести, зошто имаат способност за препознавање и елиминирање на туѓи тела, а бета глуканот со активирање на макрофагите, го стимулира имунолошкиот систем.

Корисен е и после хируршки интервенции како додаток во терапија со антибиотици, за брзо заздравување на рани, како и при изложеност на разни видови на зрачења.

Витаминот C е најважен хидросолубилен антиоксиданс. Придонесува во правилната функција на имунолошкиот систем, ги заштитува клетките од оксидативен стрес , го намалува заморот  и исцрпеноста.

Се препорачува кај:

  • состојба на ослабен имунитет
  • вирусни и бактериски инфекции
  • зголемен стрес, замор и исцрпеност

Упатство за употреба ImunoBeta glukan сируп

Vrati se na vrvot