Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Glucosamin complex гел

Glucosamin complex гел содржи комбинација од 4 основни делувачки принципи што се користат како помош кај отежнатата и болна подвижност на зглобовите: глукозамин сулфат, хондроин сулфат, МСМ и хијалуронска киселина, кои се значајни за процесите на обновување и формирање на ‘рскавицата, подвижноста на зглобовите, како и нивната регенерација. Со заедничко дејствување придонесуваат за обновување на ‘рскавицата, зачувување и подобрување на подвижноста на зглобовите, како и нивната регенерација.

  • Глукозамин сулфат
  • Хондроин сулфат
  • МСМ
  • Хијалуронска киселина

Глукозаминот придонесува за формирање и обновување на ‘рскавицата. Глукозамин сулфатот го стимулира инкорпорирањето на сулфурот во ‘рскавицата и синовијалната течност и на тој начин ја поттикнува флексибилноста на зглобовите и овозможува поцврста врска помеѓу коските на зглобовите.

Хондроит сулфатот влегува во составот на ‘рскавицата и придонесува за нејзино зачувување така што ја апсорбира водата во сврзното ткиво, јакнејќи ја нејзината флексибилност и отпорност на притисок.

МСМ – метил сулфомил метанот влијае на цврстината и стабилноста на сврзното ткиво, ја помага функцијата на зглобовите и претставува извор на сулфур кој е од голема важност за коските. МСМ влијае на зголемувањето на синовијална течност во зглобовите и ја заштитува ‘рскавицата од оштетување.

Хијалуронската киселина учествува во изградба на ‘рскавицата. Кај хроничните, воспалителни процеси (остеоартритис) доаѓа до разградување на хијалуронска киселина и оштетување на ‘рскавицата. Хијалуронската киселина ја подмачкува и одржува здравата функција на зглобовите, правејќи ја ‘рскавицта помеѓу коските поеластична.

Се препорачува:

  • Како помош кај оштетените и болни зглобови
  • За подобрување на подвижноста и еластичноста на зглобовите
  • Кај отежнатото движење
  • За повторно изградување и регенерација на ‘рскавицата
  • На постарите лица
  • На спортистите за заштита на зглобовите од оштетување и побрзо опоравување по повреда
  • За зачувување на здравите зглобови, коските, тетивите и лигаментите
  • Кај зголеменото оптеретување на носечките зглобови (тешка физичка работа, спорт, вишок на килограми)

Упатство за употреба на Glucosamin complex гел

Врати се на врвот