Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Dr Plant Пантенол спреј 5% 100 ml

Пантенол спрејот е наменет за сите генерации и сите типови на кожа.

Едноставно се нанесува и не е потребен негов директен контакт со местото каде што е присутна кожна промена.

Пантенол спрејот содржи декспантенол кој во организмот се трансформира во пантотенска киселина (витамин Б5). Активниот облик на пантотенската киселина во организмот е коензимот А, кој има клучна улога во зачувување на функцијата на кожата, косата и ноктите.

Стимулирајќи ја делбата на епидермалните клетки, ги потпомага природните регенеративни кожни процеси и го забрзува нејзиното зараснување.

декспантенол

Пантенол спрејот ја штити кожата, ѝ обезбедува оптимална влажност и го обновува природниот pH. Дејствува смирувачки и против воспалително. Го ублажува црвенилото и кожната иритација, особено по нејзино изложување на сонце.

Се препорачува:

  • За нега и заштита на кожата
  • За испирање и обложување на рани, повреди, изгореници и кожни воспаленија
  • Помага во третман на оштетена коса, го стимулира растењето на косата и ѝ го враќа сјајот
  • За коса третирана со козметички средства
  • За ублажување на тегобите по прекумерното сончање
  • По солариум, кога кожата бара интензивна регенерација
  • По бричење или депилација
  • За заштита на кожата и косата од штетните ефекти на фенот, сонцето и морската сол
Врати се на врвот