Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Betavitevit Фолна 400 со витамин Б12

Betavitevit Фолна 400 со витамин Б12 содржи фолна киселина и витамин Б12.Фолната киселина припаѓа во групата на Б витамини и е неопходна за синтеза на нуклеинските киселини ( ДНК и РНК).Фолната киселина ( фолатот) има улога во создавањето на црвените крвни зрнца, кои го пренесуваат кислородот до сите делови на телото.Исто така учествува во развојот на невралната туба кај плодот во текот на
бременоста.

Витаминот Б12 помага во преведување на фолната киселина во нејзиниот активен облик во организмот.Фолната киселина ( фолатот) и Витаминот Б12 помагаат во правилниот метаболизам на аминокиселината хомоцистеин. Витаминот Б12 учествува и во создавање на миелин кој формира заштитна обвивка околу нервите.

1 таблета содржи 400µg фолна киселина и 3µg витамин Б12.

Начин на употреба:1 таблета дневно.Се препорчува земање на таблетата пред оброк, секој ден, приближно во исто време.

  • За правилен развој на плодот во текот на бременоста
  • Во создавање на здрави еритроцити
  • За нормално функционирање на нервниот систем
  • Во намалувањето на заморот и исцрпеноста
  • За правилно функционирање на имунолошкиот систем
  • Во одржување на нормален метаболизам на хомоцистеин
Vrati se na vrvot