Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Aqua ice гел и спреј

Aqua Ice Complex гел и спреј благодарејќи на својот состав и богата формулација на активни компоненти, помагаат кај ублажување на тегоби настанати од нагмечување, исчашување и спортски повреди.

Постигнуваат оптимален ефект со максимална безбедност од примената.

Поволно делуваат на вкочанетост, напнатост на мускулите, зглобовите и коските.

Веднаш после примената даваат долготрајно чувство на ладење, а тегобите се значајно ублажени. Со употреба на овие препарати се постигнува и антиинфламаторно дејство на местото на примена.

  • етерско масло од зеленика
  • еукалиптус
  • бор
  • каранфилче
  • нане
  • екстракти од арника и корен од врба
  • како и ментол и камфор

Етерско масло од зеленика содржи 99% метил салицилати, природен аспирин, поради кое традиционално се користи за намалување на ревматски тегоби, ралаксација на напнатоста во мускулите и болни зглобови. Синергистичкото делување со екстрактот од кора од бела врба, која исто така содржи метил салицилат, етерското маслото од зеленика покажува противвоспалителни и аналгетски својства. Во комбинација со етерските масла на еукалиптус, бор и каранфилче се подобрува циркулацијата и дополнително придонесува пријатно чувство на ладење на местото на примена и ги олеснува тегобите.

Екстракт од цвет од арника ја подобрува прокрвеноста на ткивата, го ублажува отокот и модринките после нагмечување, исчашување и спортски повреди, ја смирува кожата што го прави незаменлива состојка во гелот и спрејот.

Ментолот испарува од површина на кожата и има благо антисептично делување. Влијае на рецепторите за чувство на температура и предизвикува пријатен ефект на ладење на местото на примена, што доведува до олеснување на ревматските тегоби.
Aqua ice Complex спреј /гел предизвикуваат двоен ефект така што веднаш по нанесување на гелот односно спрејот се јавува чувство на ладење, а потоа пријатно чувство на топлина.

Начина на употреба:
Со лесни кружни движења да се втрие Aqua Ice Complex гелот на болното место (во времетраење од 2-3 минути) неколку пати во текот на денот, не повеќе од 4 пати на ден. После нанесувањето се јавува пријатно чувство на ладење кое потекнува од делотворните активни компоненти. Гелот е со пријатен, ароматичен мирис, лесно се размачкува, не се лепи и не ја обојува облеката.

Аqua Ice Complex спреј се нанесува со распраскување на болното место и благо се втрива, неколку пати во текот на денот, не повеќе од 4 пати

Aqua Ice Complex гел / спреј се препорачуваат:

  • Како помош при ублажување на ревматски болки (раце, нозе, раменици, грб)
  • Кај вкочанетост, нагмечување на мускули, зглобови и коски
  • Кај спортски повреди
  • Кај дегенеративни болести на зглобовите, остеоартритис и ревматоидни артритис
  • За ублажување на тегоби настанати после нагмечувања, исчашувања
Vrati se na vrvot