Пропобаза гел е препарат што содржи екстракт од прополис во гел-база, формулиран така што овозможува продолжено (до 10 часа) и контролирано ослободување на активната супстанција. Се препорачува за:
✓ третман на површински рани,
✓ исеченици и изгореници,
✓ херпес симплекс,
✓ афти,
како и за сите други промени на кожата и слузокожата. Може да се користи и како база за нанесување лекови во стоматологијата и дерматологијата. Лесно се нанесува и не предизвикува иритација на местото на апликација, па затоа не ги попречува нормалните функции на кожата.










