Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

MAGNEVITAL Магнезиум 400 mg + витамин Б6, 30 капсули

MAGNEVITAL® Магнезиум 400 mg + Б6 капсулите содржат 400 mg чист магнезиум, кој помага во намалување на напнатоста и грчевите во мускулите, додека витаминот Б6 е неопходен за одржување на здравјето на срцето, нервниот и имунолошкиот систем.

MAGNEVITAL® капсулите содржат магнезиум со висока чистота, добиен од морска вода со помош на напредна јапонска технологија – за природна енергија и рамнотежа на организмот. MAGNEVITAL® капсулите се вистински избор кога сакате да:

✔️ го намалите заморот и исцрпеноста,

✔️ ја подобрите концентрацијата и менталната отпорност,

✔️ ја поддржите правилната функција на мускулите и нервниот систем,

✔️ ги ублажите симптомите на ПМС,

✔️ ја балансирате хормоналната активност,

✔️ ја зачувате виталноста при зголемен физички или психички напор.

Магнезиум (во форма на магнезиум-оксид) – 400 mg (107%*)

Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид) – 5 mg (357%*)

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човечкиот организам. Тој е неопходен за мускулите, нервите и срцето. Учествува во повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, придонесувајќи за претворање на јаглехидратите, протеините и мастите во енергија.

Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни лица не ги внесуваат потребните дневни количини од овој минерал (слаба апсорпција, употреба на диуретици, неправилна исхрана, консумирање алкохол, неконтролиран дијабетес). Симптомите на недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, нарушена функција на мускулите и забрзано чукање на срцето.

Магнезиумот учествува во изградбата на коските и забите. Придонесува за правилна мускулна контракција, синтеза на протеини и овозможува нормална невротрансмисија, која влијае врз квалитетот на сонот, процесот на опуштање и одржувањето на менталната концентрација и острината.

Може да придонесе за намалување на ризикот од појава на дијабетес тип 2 кај лица со прекумерна телесна тежина.

 

Помага за правилно функционирање на мускулите.

Го намалува чувството на замор и исцрпеност и придонесува за нормална психолошка функција.

Го поддржува нормалниот енергетски метаболизам, особено во периоди на зголемени потреби за магнезиум и витамин Б6.

Се препорачува при зголемен физички и психички напор и активен начин на живот.

Придонесува за регулирање на хормоналната активност.

Помага во ублажување на симптомите на ПМС.

Возрасни и деца постари од 12 години: 1 капсула дневно. Капсулите да се земаат за време на оброкот или непосредно по оброкот.

Деталното упатство можете да го погледнете со клик на  LINK.

 

Врати се на врвот