Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

LAXOMANNA орален раствор, 10 кесички x 15 ml

LaxoManna е течен додаток во исхраната, спакуван во практични еднодозни кесички, наменет за деца и возрасни. Формулиран е на база на лактулоза и мана – концентриран сок добиен од кората на црниот јасен. Активните состојки на LaxoManna го стимулираат функционирањето на цревата и имаат благо лаксативно дејство, без предизвикување цревна иритација и други несакани ефекти.

✔ Воспоставува и одржува правилен ритам на празнење на цревата

✔ За возрасни и деца постари од 3 години

✔ Без вештачки засладувачи, бои и ароми

✔ За директна употреба или растворање во вода, сок или чај

Активни состојки 100 g содржат: 1 кесичка (15 ml / 18 g) содржи: 3 кесички содржат:
Концентриран сок од кората на црниот јасен (Fraxinus ornus – мана), стандардизиран на минимум 85% манитол 5.56 1g 3g
Лактулоза 18.5 3.3g 10g

Состојки: прочистена вода; лактулоза; згуснувач: глицерол; концентриран сок од кората на црниот јасен (Fraxinus ornus – мана); згуснувач: ксантанска гума; конзерванс: калиум сорбат; регулатор на киселост: лимонска киселина.

Мана е исушен сок добиен со засекување на кората на стеблото и гранките на црниот јасен, кој може да придонесе за нормално варење, забрзување на преминувањето на цревната содржина низ цревата и нормална функција на цревата.

Лактулозата е дисахарид кој по орална примена слабо се апсорбира и во непроменета форма стигнува до дебелото црево.

Лактулозата придонесува за забрзување на преминувањето на цревната содржина низ цревата. Корисниот ефект се постигнува со консумирање на поединечна дневна доза од 10 g лактулоза.

LaxoManna се препорачува за:

  • воспоставување и одржување на правилен ритам на празнење на цревата
  • одржување на нормална конзистентност и волумен на столицата
  • ублажување на констипација (запек)

Начин на употреба: Деца постари од 3 години: 1 кесичка дневно. Возрасни: 3 кесички еднаш дневно.

Содржината од кесичката може да се испие директно од кесичката или да се раствори во вода, сок или чај. За време на употребата на производот, важно е во текот на денот да се внесуваат доволни количества течности.

Напомена: Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.

Предупредувања: Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не е наменет за деца помлади од 3 години, бремени жени и доилки. Производот не треба да го користат лица преосетливи на некоја од состојките. Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект. Пред употреба консултирајте се со лекар или фармацевт.

Врати се на врвот