Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

ESENBAK S. BOULARDII, 10 КАПСУЛИ

EsenBak® S. boulardii е додаток во исхраната на база на Saccharomyces boulardii, единствениот пробиотски квасец со клинички докажана ефикасност во превенцијата и третманот на акутни и хронични гастроинтестинални нарушувања од различна етиологија.

Благодарение на присуството на 5 милијарди колониеформирачки единици S. boulardii во една капсула, EsenBak® S. boulardii ефикасно го скратува времетраењето на дијарејата и ги ублажува придружните симптоми.

Овој уникатен пробиотски квасец го преживува патувањето до целниот орган (дебелото црево) во доволна количина, лесно го остварува своето дејство на телесна температура и природно е отпорен на антибиотици, како и на протеолиза. Затоа, EsenBak® S. boulardii може да се зема истовремено со антибиотици, без потреба од временски интервал во однос на антибиотската терапија.

Saccharomyces boulardii – 5 милијарди колониеформирачки единици

Благодарение на присуството на 5 милијарди колониеформирачки единици S. boulardii во една капсула, EsenBak® S. boulardii ефикасно го скратува времетраењето на дијарејата и ги ублажува придружните симптоми.

Своите позитивни здравствени ефекти S. boulardii ги остварува преку различни механизми. Освен што има поволно дејство врз структурата на цревната микробиота, покажува и антимикробна активност, спречувајќи ги патогените микроорганизми да ја колонизираат цревната слузница, а истовремено го намалува или целосно го неутрализира дејството на различни токсини. Исто така, S. boulardii придонесува за модулација на локалниот и системскиот имунолошки одговор, го зачувува интегритетот и ја подобрува бариерната функција на цревната слузница и ја поттикнува активноста на ензимите со цел подобрување на апсорпцијата на хранливите материи.

а воспоставување на рамнотежа на цревната микрофлора
Кај акутна инфективна дијареја (кај вирусни гастроентерити, патничка дијареја, инфекции со ентерохеморагична и ентеропатогена E. coli, паразитски цревни инфекции…)
Кај дијареја предизвикана од употреба на антибиотици
За превенција на појава на дијареја предизвикана од Clostridium difficile
Како адјувантна терапија со антибиотици за ерадикација на Helicobacter pylori
Кај Кронова болест, улцеративен колитис и синдром на иритабилно црево

Начин на употреба: Возрасни и деца постари од 12 години: 1–2 капсули дневно. Капсулата треба да се проголта цела, со вода, независно од оброкот.

Деца од 3 до 12 години: 1 капсула дневно. Капсулата може да се отвори и нејзината содржина да се измеша со мала количина течност.

Врати се на врвот