Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

CEVITAL Витамин Ц, 500 mg, 30 таблети

Cevital  витамин Ц таблетите содржат 500 mg витамин Ц во една таблета. Витамин Ц припаѓа во групата витамини растворливи во вода и е есенцијален за бројни биолошки процеси. Благодарение на антиоксидативното и имунопротективно дејство, се препорачува негова превентивна примена со цел правилна функција на имунолошкиот систем,  особено во сезони на настинки и вируси.. Неопходен е за синтеза на колаген, протеин кој влегува во состав на сврзното ткиво. Витаминот Ц помага во ресорпцијата на железото, помага за правилна функција на непцата.

  • 1 таблета содржи 500 mg витамин Ц

Витамин Ц има важна улога во повеќето оксидо-редукциони процеси во организмот и е вклучен во повеќе од 300 биолошки процеси. Неопходен е за метаболизмот на аминокиселини, невротрансмитери, холестерол, фолна киселина и железо.  Докажано е дека природниот и синтетскиот витамин Ц се идентични, односно дека имаат еднаква биорасположливост и биолошко дејство. Витаминот Ц е неопходен за синтеза на колагенот и другите компоненти на сврзното ткиво .  

Се препорачува:

  • За правилна функција на имунолошкиот систем
  • Во заштита на клетките од оксидативен стрес
  • За нормално функционирање на нервниот систем
  • Во намалување на заморот и исцрпеноста
  • Во зголемена апсорпција на железото
  • За правилна функција на гингивите
Врати се на врвот