Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Propomint спреј

Propomint спрејот содржи екстракт од прополис. Прополис е производ на пчелите со кој ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите.

Прополисот традиционално се користел преку 5 000 години.Историски записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.

 Прополисот како природен производ претставува смеса од над 150 соединенија, а основните соединенија претставуваат флавоноиди, феноли и терпени. Синергијата на овие компоненти во составот на производот ги овозможува сите позитивни ефекти кои прополисот ги манифестира.

  • Екстракт од прополис
  • Ментол
  • Бензоева киселина

Како спреј е едноставен за употреба, со помош на распрскувачот, може директно да се нанесе во устата и  на грлото. Поради содржината на ментол Propomint спреј дава пријатно чувство на ладење, го освежува здивот, ја отстранува непријатната миризба од устата кој се јавува од храна, алкохол или цигари. Може да се користи секојдневно.

  • За секојдневна хигиена на устата и грлото

Упатство за употреба на Propomint спрејот

Vrati se na vrvot