Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Narodni melem за изгореници

Народниот мелем за изгореници со својот единствен состав спречува настанување на лузни и ги ублажува симптомите од изгореници (црвенило, оток, болка).

Народниот мелем ѝ дава на оштетената кожа брзо опоравување и ревитализација, а покажува исклучителен ефект и во третманот на мали рани, исеченици, плускавци и волчји очи. Со своите регенерирачки и противвоспалителни својства помага кај гнојните процеси и го забрзува зараснувањето на раните.

  • Темјан
  • масла од невен
  • бозел и маслинка
  • пчелин восок
  • цетацеум
  • витамин Е

Темјанот е смола која традиционално се користи како природен антисептик и помош за ублажување на болките. Маслата од бозел и невен дејствуваат противвоспалително и го спречуваат настанокот на отоци, додека маслото од невен исто така помага и во регенерација на кожата. Природните восоци во мелемот имаат емолиентен ефект, а маслата од маслинка и витамин Е дејствуваат како антиоксиданси и УВ-блокатори.

Се препорачува:

  • Пред и по сончање, како заштита од појава на изгореници
  • Кај изгореници предизвикани од сонце
  • Кај суви и влажни изгореници (водена пареа, масла…)
  • Кај изгореници предизвикани со дејство на некои хемиски агенси
  • Кај мали рани, исеченици, плускавци и волчји очи
Врати се на врвот