Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

BURRA SUN FACE CREAM SPF 50+, 100ML

BURЯA SUN Face Cream SPF 50+ е препарат со лесна и немасна структура кој дава сигурна заштита на кожата на лицето од UVA и UVB зраци, благодарение на минералните и органските  UV филтри, но и ефикасната одбрана од штетни IR-A зраци кои обезбедуваат присуство на екстракт од матични клетки на планинска брусница во производот.

BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ се карактеризира со:

  • Идеален состав за чувствителна кожа на лицето
  • Висок степен на заштита од UVA/UVB/IR-A зраци за сите фототипови на кожа
  • Лесна и немасна текстура која брзо се упива, без оставање на бели траги на кожата
  • Водоотпорна формулација
  • Присуство на ектоин кој штити од фотостареење, остварувајќи „anti-age“ ефект
  • Присуство на „SPF booster-a“ кој ја зголемува ефикасноста на присутните UV филтри
  • Отсуство на парабени
  • Титан-диоксид (инкапсулирани) – минерални UVA/UVB филтри
  • Октокрилен – органски UVB филтер кој делумно штити и од еден дел на UVA спектарот
  • Октиноксат – органски UVB филтер
  • Авобензон – органски UVA филтер
  • Екстракт од матични клетки на планинска брусница кој овозможува ефикасна IR-A заштита
  • Иновативен полимер кој обезбедува водоотпорност
  • Витамин E
  • Шеа путер
  • „SPF booster“
  • Ектоин

BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ поседува висок потенцијал на заштита од UVA/UVB i IR-A зраци и интензивно ја хидрира кожата, па се препорачува како идеално средство за заштита на осетлива кожа на лицето од сонце, за сите фототипови на кожа. Со комбинацијата од минерални и органски филтери, како и екстракт од матични клетки на планинска брусница во препарататот BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ постигнат е ефектот на широкоспректрална UV i IR-A заштита.  

Титан-диоксид е како ефикасен минерален филтер инкорпориран во препаратот, каде што овозможува заштита од UVB и дел од UVA зрачења. За разлика од класичните препарати за заштита од сонце кои го имаат во својот состав, во BURЯA SUN кремот за лице, тој е обложен со специјални технолошки постапки, и е постигната оптимална заштита, но без оставање на бели траги по нанесување.

Органски филтри во формулацијата (авобензон, октокрилен и оксиноксат) допринесуваат за постигнување на најголеми SPF вредности на производот и комплентна UVA заштита на кожата.

Екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) го засилува природниот антиоксидативен одговор на клетките на IR зрачење, го намалува воспалението на кожата предизвикано од UVB зрачење и покажува директно антиоксидативно дејство, бидејќи содржи висок процент на моќни природни антиоксиданси – полифеноли. Топикална примена на препаратот на база на екстракт од матични клетки на планинска брусница доведува до спреќување, како и обновуваање на оштетување на клетките настанати од дејство на UVB и IR-A зраци (како што се дехидрација, рапавост на кожата, појава на бори и хиперпигментација, губиток на цврстина, волумен и еластичност).

Ектоин во препаратот има улога да ја заштити кожата од високи температури, високи концентрации на соли и јаки UV зрачења, бидејќи има потенцијал да формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Ја хидрира кожата, ја смирува и регулира нејзината бариерна функција, штитејќи ја од фотостареење.   

BURЯ® SUN Face Cream SPF 50+ има водоотпорна формулација која е постигната со додавање на мултифункционален полимер  кој овозможува задржување на производот на кожата за време на престој во вода, како и после излегување од водата, под услов кожата да не се бриши со крпа. Водоотпорноста на спрејот се согледува во фактот дека под наведените услови 97% од декларираната SPF вредност се одржува и до 80 минути по потопување во вода.

Се препорачува за:

  •  За заштита на кожа на лице и тело од UVA, UVB i IR-A зраци
  • Нега и хидратација на кожата
  • Превенција од фотостареење
  • Деца и возрасни
  • Погоден за чувствителна кожа на лицето
  • Висок степен на заштита од UVA / UVB / IR-A зраци
  • Ектоинот ја штити кожата од фотостареење
  • Лесна и немасна текстура која брзо се впива
  • За сите типови кожа

Дејство:  BURЯA® SUN Face Cream SPF 50+ е ефикасен препарат за заштита на чувствителната кожа на лице од сонце бидејќи содржи комбинација на минерални (титан-диоксид) и органски (авобензон, октокрилен и октиноксат) UV филтри, како и екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) кој обезбедува ефикасна одбрана од IR-A зраци. Ектоинот во производот дополнително ја штити кожата од фотостареење, бидејќи формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Препаратот е водоотпорен и погоден за примена кај сите фототипови на кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на кожата на лице, врат и деколте 15 минути пред изложување на сонце. За постигнување на најдобри заштитни ефекти, се препорачува повторување на постапката на секои 2 часа.

Употребливо до:  10.2022.  Датумот на производство е содржан во серискиот број втиснат на дното на тубата.

Vrati se na vrvot