Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Propomint® исландски лишај, 30 Пастили

Propomint® Пастили со исландски лишај се формулирани на база на прополис, исландски лишај, витамин Ц и пантотенска киселина, кои ја обложуваат сувата и надразнета слузница на устата и грлото и придонесуваат за побрзо закрепнување при воспаление на грлото, сува кашлица и засипнатост.

Овие активни состојки придонесуваат за зајакнување на имунитетот и имаат поволно дејство кај кашлица поврзана со настинка и грип, но и кај кашлица предизвикана од сувост на слузницата на устата и ждрелото. Дополнително, го поттикнуваат заздравувањето и регенерацијата на оралната слузница, па пастилите може да се користат и како помош во третманот на афти и гингивитис (воспаление на непцата).

Propomint® Пастили со исландски лишај имаат пријатен вкус, збогатен со ароми на нане и портокал. Не содржат шеќер, па немаат негативно влијание врз здравјето на забите и се погодни за употреба и кај лица со дијабетес.

  • Исландски лишај
  • Прополис
  • Пантенол
  • Витамин Ц

Исландскиот лишај е важен за правилното функционирање на респираторниот систем, а неговата примена придонесува за ублажување на чувството на иритација и гребење во грлото и ждрелото. Исландскиот лишај традиционално се користи за симптоматски третман на орална и фарингеална иритација проследена со сува кашлица, бидејќи содржи слузни материи кои ја обложуваат и штитат слузницата на горните дишни патишта, со што придонесуваат за ублажување на сувата кашлица.

Propomint® Пастили со исландски лишај се препорачуваат:

при сувост и иритација на слузницата на усната празнина
при воспаление на грлото, настинка и грип
при сува кашлица и засипнатост
при афти и други форми на стоматитис
за правилно функционирање на респираторниот и имунолошкиот систем

Врати се на врвот