Oto Perfect Olive oil содржи маслиново масло кое го омекнува церуменот и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво содржано во препаратот ја намалува можноста за појава на бактериски и габични ушни инфекции, додека витаминот А ја поттикнува епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото. Растворот може да се применува и превентивно, со цел да се потпомогне природниот процес на чистење на увото и да се спречи создавањето на церуменски чеп, особено кај лицата кои носат слушни апарати, бидејќи тие се подложни на создавање на церуменски чеп.










