MARISOL Sinusol спреј раствор за нос, 50 ml
хипертоничен раствор на морска сол + рузмарин + чајно дрво
MARISOL® Sinusol спреј растворот за нос е медицинско средство кое на целосно природен начин го поттикнува отстранувањето на вишокот секрет од синусите, ја подобрува проодноста на горните дишни патишта, го намалува чувството на болка и притисок во пределот на синусите и го олеснува дишењето.
MARISOL® Sinusol ги чисти носните шуплини и ги ублажува затнатоста на носот, болката во синусите и главоболката поврзана со овие симптоми. Благодарение на овие ефекти, придонесува за поквалитетен сон и намалување на ‘рчењето. Исто така, има поволно дејство и кај алергиски ринитис, ублажувајќи ги симптомите како што се назална опструкција, конгестија и течење на носот.
1 ml раствор содржи:
1 mg етерично масло од рузмарин, 0,5 mg етерично масло од чајно дрво, 23 mg морска сол.
Хипертоничниот раствор на морска вода (2,3% морска сол) го намалува отокот на слузницата и овозможува деконгестија на горните дишни патишта, со што се намалува чувството на болка. Дополнително, растворот на морска сол ефикасно ја обновува физиолошката функција на слузницата и го поттикнува отстранувањето на несаканите честички од нејзината површина.
Етеричните масла од рузмарин и чајно дрво придонесуваат за подобра проодност на дишните патишта и побрзо закрепнување при инфекции на синусите, благодарение на нивното изразено антибактериско и антиинфламаторно дејство.
MARISOL® Sinusol спреј растворот за нос се препорачува:
- при акутен и хроничен синузитис, риносинузитис и алергиски ринитис
- за намалување на болката и чувството на притисок во пределот на синусите
- за намалување на отокот на носната слузница
- за навлажнување и прочистување на носните патишта со цел спречување на појава на инфекции кај лица склони кон проблеми со синусите
Начин на употреба: Впрскајте една до две дози од спрејот во секоја ноздра. Спрејот може да се користи два до три пати дневно.