Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

CEVITAL ВИТАМИН Ц 1000 mg, 10 КЕСИЧКИ

Cevital® Витамин Ц 1000 mg прашок за перорална употреба содржи 1000 mg витамин Ц, кој има важна улога во зајакнувањето на имунитетот и зголемувањето на отпорноста на организмот кон инфекции.

✔️ 1000 mg витамин „на имунитет“ во една кесичка обезбедува одлична поддршка за имунолошкиот систем и супериорна антиоксидативна заштита
✔️ Го намалува заморот и исцрпеноста
✔️ Ја зголемува апсорпцијата на железо
✔️ Придонесува за правилно функционирање на нервниот систем, коските, ‘рскавицата, крвните садови, кожата, забите и непцата
✔️ Само една кесичка дневно
✔️ Со одличен вкус и природна арома на портокал

1000 mg витамин Ц

Витаминот Ц е есенцијален нутриент кој брзо се разградува во организмот, па затоа е неопходно секојдневно да се обезбедува негов адекватен внес. Тој е исклучително моќен антиоксиданс кој помага во заштитата на клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали, кои настануваат како резултат на инфекции, повреди, загадување, стрес, пушење, но и во текот на природните метаболички процеси.

Со своето заштитно дејство врз респираторниот тракт, витаминот Ц дополнително помага во превенцијата на појава на респираторни инфекции.

Се препорачува:

во сите ситуации кога постои недоволен внес или зголемена потреба од витамин Ц
кога е потребно да се зголеми отпорноста на организмот и да се зајакне имунитетот
во периоди на зголемен психички и физички напор и стрес
кај пушачи
кај лица кои земаат препарати со железо

Возрасни и деца постари од 6 години: една кесичка дневно да се раствори во 100 ml вода.

Врати се на врвот