Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

ANTARCTIC OMEGA KRILL 30 МЕКИ КАПСУЛИ

ANTARCTIC OMEGA KRILL е додаток во исхраната во форма на меки желатински капсули, кој содржи чист маслен екстракт од антарктички крил (Euphausia superba). Маслото од крил претставува уникатен комплекс на есенцијални омега-3 масни киселини (DHA и EPA), фосфолипиди, холин и моќниот антиоксиданс астаксантин.

✔ Омега-3 + холин + фосфолипиди + астаксантин

✔ без шеќер

✔ 100% природно

✔ без непријатен вкус и мирис на риба

1 капсула содржи:

Масло од антарктички крил – 500 mg

Омега-3 масни киселини – 110 mg

EPA – 60 mg

DHA – 28 mg

Фосфатидилхолин – 150 mg

Холин – 25 mg

Астаксантин – 50 µg

Холинот е есенцијален нутриент кој е важен за правилното функционирање на црниот дроб, метаболизмот на мастите, метаболизмот на хомоцистеин, како и за процесот на биосинтеза на невротрансмитери.

Фосфолипидите имаат улога во транспортот на омега-3 масните киселини и холинот до органите на кои им се најпотребни (срцето, црниот дроб).

Астаксантинот е моќен антиоксиданс кој придонесува за одржување на физиолошките нивоа на липиди во крвта и за правилно функционирање на очите, кожата и црниот дроб.

Омега-3 масните киселини (DHA и EPA) во капсулите Antarctic Omega Krill придонесуваат за:

  • Правилно функционирање на срцето и одржување на нормален крвен притисок
  • Одржување на физиолошкото ниво на триглицериди во крвта
  • Намалување на нивото на холестерол во крвта
  • Одржување на нормалната функција на мозокот
  • Одржување на нормалниот вид

Капсулите Antarctic Omega Krill придонесуваат за:

  • Превенција на атеросклероза
  • Подобрување на функциите на мозокот
  • Подобрување на симптомите кај макуларна дегенерација и синдром на суво око
  • Намалување на воспалителните фактори кај инфламаторни заболувања
  • Зајакнување на имунолошкиот систем
  • Здравјето на кожата

Начин на употреба: Возрасни и деца над 12 години: 1–2 капсули дневно, најдобро за време на оброк или непосредно по оброкот. Капсулата да се земе со полна чаша вода.

Предупредувања: Лицата кои се на терапија со антиагрегациски и антикоагулантни лекови, бремени жени и доилки треба да се консултираат со лекар пред употреба. Една недела пред хируршки или стоматолошки интервенции потребно е да се прекине со суплементација со овој производ.

Врати се на врвот