Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Cevital Forte Direct, 20 кесички

Cevital Forte Direct претставува идеална комбинација на витамин Ц, цинк и висококвалитетни, стандардизирани екстракти од плод од ацерола и шипка кои се додатни извори на витамин Ц, но и други витамини, минерали и соединенија со благотворно влијание на целиот организам. Кесичките содржат оптимално балансиран дневен бустер на имуниот систем кој придонесува во правилна функција на имунолошкиот систем,  особено во сезона на настинки и вируси. Витамин Ц делува синергистички со флавоноидите присутни во екстрактите од плод од ацерола и шипка.

Cevital Forte Direct се препорачува како додаток во исхраната кој помага и придонесува за правилна функција на имунолошкиот систем, во намалување на заморот и исцрпеноста, за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Модерната форма за брза и директна примена – во секоја прилика, било кога и било каде, без употреба на течност. Одличен вкус, со природна арома на портокал.

  • Витамин Ц
  • Цинк (во облик на цинк-цитрат)
  • Сув екстракт од плод од ацерола
  • Сув екстракт од плод од шипка

Витамин Ц  е есенцијален нутриент, односно, човечкиот организам нема способност да го синтетизира. Во организмот, молекулите на витамин Ц брзо се разградуваат, па неопходно е да се обезбеди адекватен внес од овој витамин секој ден. Покрај својата најпозната улога „витамин  на имунитет“, значаен е како исклучително силен антиоксиданс кој помага во заштита на клетките од оштетување од слободните радикали кои настануваат поради стрес, пушење, повреда, инфекција, загадување, но и во тек на природни метаболички процеси.

Со своето протективно дејство позитивно делува и придонесува во одржување на здравјето на  дишните патишта. Витамин Ц фаворизира детоксикација на организмот, подобрува ресорпција на железото и има важна улога во одржување на здравјето на кожата, коските, забите, крвните садови, нервниот систем и многу метаболички процеси кои се одвиваат во нашето тело.  

Цинк е есенцијален елемент со улога на катализатор во организмот, со структурна и регулаторна функција во повеќе од 200 металоензими кои ги содржат. Придонесува за раст и развој, сексуално созревање и репродукција, прилагодување на видот во темница, олфакторна и густативна сензација, правилен метаболизам на јагленихидрати и инсулин и многу други процеси во телото. Во Cevital Forte Direct гранулите, цинкот се наоѓа во облик на цинк цитрат кој поседува одлична биорасположливост.

Ацерола, плод од карипска цреша, е еден од најбогатите извори на витамин Ц на светот. Покрај витамин Ц, плодот од ацерола содржи и флавоноиди, бета каротен, витамини Б123, Б5, како и минерали магнезиум и калиум.

Плодот од шипка е природен извор на витамин Ц, но содржи и многу други молекули кои поседуваат биолошка активност, како што се флавоноиди, процијанидини, катехини, антоцијанини, каротеноиди и други.

Cevital Forte Direct содржи стандардизирани екстракти од овие плодови, овозможувајќи зголемено дејство на витамин Ц и цинк во борба за здрав имунитет.

Придонесува во:

    • Извонредна поддршка на имуниот систем и супериорна антиоксидативна заштита
    • Намалување на замор и исцрпеност
    • За правилен метаболизам на протеини, масти, јаглени хидрати и витамин А

Деца од 14 години и возрасни: 1 кесичка дневно. Испразнете ја содржината од една кесичка во уста, пуштете полека да се растопи и проголтете.

Врати се на врвот