Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Rehydrosal

Rehydrosal е наменет за подготовка на раствор кој се користи кај лесна и средно тешка дехидрација на организмот при дијареа, изгореници и повраќање.

Се препорачува за превенција на дехидрацијата и одржување на хидратацијата кај доенчиња, деца, возрасни и сите други состојби кои се проследени со зголемена потреба за вода и електролити (подготовка на пациенти за рентгенски и ендоскопски испитувања на дебелото црево).

Rehydrosal има пријатен вкус на банана.

Состав (1 кесичка – 14g содржи):

  • Глукоза монохидрат
  • Натриум хлорид
  • Натриум хидрогенкарбонат
  • Калиум хлорид
  • природна арома на банана

Што е дехидрација?

Дехидрацијата е дисбаланс помеѓу електролитите и водата во телото, предизвикан од дијареа, повраќање или изложеност на висока температура.

Rehydrosal претставува тераписки избор за правилен надомест на електролитите, додека слатките и газирани пијалоци доведуваат до влошување на симптомите заради премногу шеќер и не треба да се конзумираат. Проблемот со дехидрација може да се развива постепено, затоа што е во прашање кумулативен процес: ако првиот ден детето е дехидрирано 1% или 2% и не ја надомести течноста во текот на ноќта, на крајот на другиот ден детето е дехидрирано 2% или 4%.
Многу е важно да се следи детската хидрација и благовремено да се започне со давање на Rehydrosal.

Како се зема Rehydrosal?

Количеството на орален рехидрационен раствор кое е потребно да се внесе зависи од тежината на детето/лицето и степенот на дехидрација.

Rehydrosal се препорачува кај блага дехидрација, со следниве рани знаци:

  • Сува уста и јазик
  • Намалена зачестеност на мокрењето (сува пелена кај децата)
  • Нема/малку солзи при плачење

Начин на примена:

Содржината на кесичката растворете ја во 500ml зовриена и на собна температура оладена вода. Подготвениот раствор е употреблив 24 часа. Се дава во мали порции (со лажичка или на голтка од шишенце, односно шолја).

Според степенот на дехидрација, доенчињата и малите деца треба да земаат Rehydrosal во доза од 50-100 ml/kg т.м во текот на 4-6 часа. Доколку не се воспостави состојбата на нормална хидрација, постапката се повторува на 6 часа по истиот принцип.
Рехидрацијата и одржувањето на состојбата на нормална хидратизираност кај поголемите деца и возрасните се базира врз сличен принцип, сразмерно поголемиот внес на Rehydrosal, од 1-3 литри дневно.

Rehydrosal не ја запира дијареата, но го хидратизира телото при нејзиното траење и поминување. Како и кај остантите причини, дел е од терапијата на патничката дијареа, особено во зоните со топла клима. Кај повраќањето, треба да се почека 10 минути да се одмори стомакот, и потоа да се започне полека со давање на подготвениот раствор.

Vrati se na vrvot