API Pulmint сирупот содржи комбинација од билни екстракти кои помагаат во искашлување кај продуктивни кашлици и кај сите нелагодности на слузокожата на дишните патишта. Јагликата и тимјанот помагаат во излачувањето на слузот од бронхиите, о разредувањето на густиот бронхијален секрет и во олеснувањето на искашлувањето.
Прополисот придонесува во одржувањето на здрав имунолошки систем и одбрамбената способност на организмот. Медот помага во одржување на микробиолошка рамнотежа во устата и на сирупот му дава многу пријатен вкус.