Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Pulmint Тусик 600 прашок за перорална примена

Pulmint Тусик 600 прашок за перорална примена е формулиран врз база на Н-ацетилцистеин, сув екстракт на темјан и стандардизиран екстракт од прополис. Активните принципи во производот покажуваат благотворно дејство кај продуктивната кашлица и потешкотиите проследени со воспаление на слузокожата на грлото и ждрелото.

  • Н-ацетилцистеин
  • Сув екстракт не темјан
  • Стандардизиран екстракт на прополис

Н-ацетилцистеинот (NAC) се користи како помош во третманот на заболување  на горните и долни дишни патишта проследени со прекумерно лачење на секрет. Дејствува така што директно ја разложува густата слузеникава материја, со кинење на дисулфидните врски на мукопротеинот и на тој начин го олеснува искашлувањето и елиминацијата на секретот од белите дробови.

Прополисот претставува природен производ кој има антибактериско, антивирусно, антифунгално, антиоксидативно, имуномодулаторно и регенеративно својство. Прополисот во препаратот придонесува за подобрување на симптомите на кашлицата и воспалението на слузокожата на грлото и ждрелото, но и дополнително остварува низа позитивни ефекти на целиот организам, јакнејќи го имунолошкиот систем.

Темјанот (лат. Thymus vulgaris) покажува и секретомоторен ефект, со воспоставување на подобар мукоцилијарен транспорт, со што се олеснува искашлувањето на насобраниот секрет и го скратува траењето на симптомите на продуктивната кашлица. Неговата примена се препорачува за ублажување на симптомите на бронхитис, голема кашлица и катарот на горните дишни патишта.

Етеричното масло на темјанот содржи значителни количини монотерпенски феноли – тимол и карвакрол, кои поседуваат антимикробна активност, дејствувајќи на значаен број патогени.

Се препорачува:

  • Кај продуктивната кашлица
  • Кај потешкотиите проследени со воспаление на слузокожата на грлото и ждрелото

Упатство за употреба на Пулминт Тусик 600 прашок

Врати се на врвот