Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Пропоминт спреј за деца, 30ml

Propomint спреј за деца е формулиран врз база на стандардизиран екстракт од прополис, исландски лишај и N- acetil cistein и наменет е за зачувување на здравјето на слузокожата на грлото, усната шуплина и непцата. Стандардизираниот екстракт од прополис, содржан во производот, ги ублажува симптомите кои го следат воспалението на грлото и крајниците, надразнетото грло и засипнатоста, сувата кашлица, заболувањето на непцата, појавата на афти и сл. Се користи како помош кај настинките и грипот, бидејќи ја скратува должината на траење на болеста и го зајакнува целосниот имунолошки систем на организмот. Исландскиот лишај го ублажува воспалението и иритираната слузница на усната шуплина и ждрелото, ублажувајќи ја на тој начин сувата, надразнета кашлица, а може да помогне и во состојбите на настинка и грип, проследени со кашлица и засипнатост. N-acetilcistein содржан во производот, ја намалува вискозноста од насобраната слуз и го олеснува нејзиното лачење од респираторните органи. Се користи како додаток кон терапијата на вирусните инфекции, синузитис, бронхитис и другите заболувања на респираторниот тракт. Propomint спрејот за деца не содржи алкохол, а додатокот на мед и аромата на спеарминт, му даваат пријатен вкус. Безбеден е за употреба веќе од првата година на живот.

  • Течен хидроглицерински екстракт на прополис (стандардизиран на 12mg/ml полифенол)
  • Сув екстракт на талус од исландски лишај (стандардизиран на 30% полисахарид)
  • N- acetilcistein

Прополисот содржан во производот е природна супстанција стандардизирана на полифеноли, со што се постигнува оптимален ефект на овој дејствувачки принцип. Поседува изразени антимикробни и антиинфламаторни својства, ги ублажува симптомите кои се проследени со воспаление на грлото и крајниците, надразнето грло и сува кашлица, заболување на непцата, појава на афти и сл. Има и антивирусно дејство, поради што се користи како помош кај настинките и грипот, бидејќи ја скратува должината на траење на болеста и го зајакнува целосниот имунолошки систем на организмот.

Исландскиот лишај содржи полисахариди, кои ја ублажуваат воспалената и иритирана слуз на усната шуплина и ждрелото, ублажувајќи ја на тој начин сувата, надразнета кашлица. Уснинската киселина која е составен дел од исландскиот лишај покажува антибиотски својства и токму поради тоа тој се смета за вреден природен антибиотик, кој може да помогне во состојбите на настинка и грип, проследени со кашлица и засипнатост.

N – acetilcistein е дериват на протеинската аминокиселина L cistein  и ефикасното муколитичко средство. Дејствува така што ја намалува вискозноста од насобраната слуз и го олеснува нејзиното излачување од респираторните органи. N – acetilcistein се препорачува како додаток кон терапијата на вирусни инфекции, синузитис, бронхитис и другите заболувања на респираторниот тракт.

Се препорачува кај:

  • Воспаление на грлото и крајниците
  • Настинка и грип
  • Суво и надразнето грло
  • Воспаление на непцата
  • Третирање на афти

Упатство за употреба на Пропоминт спреј за деца

Врати се на врвот