Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Khan тигров крем-гел и Khan масажер тигров крем-гел

Khan тигров крем-гел и Khan масажер тигров крем-гел содржат етерични масла од еукалиптус и каранфилче, како и ментол, камфор и метил салицилат, активни состојки што традиционално се користат како помош при хронични дегенеративни заболувања на зглобовите и мускулите. Се препорачува нивна примена при ревматски тегоби, лумбаго, невралгија и вкочанетост, како и при шинувањa, исчашувањa и истегнувањa настанати при спортски или рекреативни активности.
За постигнување на максималното дејство на секоја поединечна состојка се препорачува масажа на подрачјето што е воспалено. Локалното загревање на болното место во комбинација со масажа доведува до постепено намалување на мускулната напнатост, со што се зголемуваат снабдувањето со крв и подобрата размена на материите во организмот. Поради тоа е формулиран производот Khan масажер тигров крем-гел за да се потенцира дејството, значително поизразена циркулација на крвта и лимфата, а со самото тоа и да се забрза процесот на закрепнување.
Благодарение на крем-гел подлогата, Khan тигровиот крем-гел и Khan масажер тигров крем-гел можат да се нанесуваат и лесно да се размачкуваат на сите делови на телото, вклучувајќи ги влакнестите и експонираните делови, не оставајќи масни траги.

  • етерично масло од еукалиптус
  • етерично масло од каранфилче
  • ментол
  • камфор
  • метил салицилат

Khan тигров крем гел и Khan тигров крем гел со масажер се формулирани на база на етерни масла на еукалиптус и каранфилче, ментол и камфор, активни состојки кои традиционално се користат како помош кај дегенеративни и воспалителни заболувања на зглобовите и мукулите. Синергистичкото дејство на овие активни компоненти ја подобрува циркулацијата и вазодилатацијата на местото на примена, што доведува до подобра прокрвеност на ткивата, ублажување на болката и отокот, како и до зголемување на подвижноста на третираниот дел на телото. Маслото од каранфилче манифестира ефект на природен анестетик, додека ментолот пријатно ја лади кожата и со тоа го ублажува чувството на пецкање, кое се јавува како резултат на подобрена циркулација.

Оваа формулација е збогатена со метил салицилат,  кој придонесува во ублажување на болките кај ревматски тегоби, лумбаго, невралгии и вкочанетост. Метил салицилатот е изолиран од масло на зеленика, има интензивна миризба, а кога се применува на кожа доведува до хиперемија (зголемен доток на крвта во кожата). Метил салицилат е иританс и  природен аналгетик, кој локално ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката.

Благодарение на доброто апсорбирање во кожата и високо концентрираните делувачки состојки на целното место, производите го смируваат воспалителниот процес, ја зголемуваат прокрвеноста, при што се постигнува пријатно чувство на топлина и опуштање на мускулите.

Се препорачуваат при:

  • болки
  • ревматски тегоби
  • забавена периферна циркулација
  • спортски повреди

Upustvo Khan tigrov krem gel

Upustvo Khan masažer tigrov krem gel

Vrati se na vrvot