Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Glucosamin complex прашок и гел

Glucosamin complex содржи комбинација од 4 основни дејствувачки принципи.

Тие се природни супстанци, составен дел на ‘рскавицата и претставуваат клучни компоненти во одржувањето на подвижноста на зглобовите и заштита од различни деформации: Глукозамин сулфат, хондроин сулфат, МСМ и хијалуронска киселина.

Со заедничко дејствување придонесуваат во обновување на ‘рскавицата, зачувување и подобрување на подвижноста на зглобовите, како и нивна регенерација.

  • Глукозамин сулфат
  • хондроин сулфат
  • МСМ
  • хијалуронска киселина и витамин Ц

Glucosamin complex прашок
Начин на примена: Содржината на кесичката растворете ја во 100 ml вода, со благо мешање. Се препорачува употреба на една кесичка прашок дневно.

Glucosamin complex гел
Начин на примена: На сува и чиста кожа нанесете гел во тенок слој и благо втријте го. Постапката повторете ја неколку пати во текот на денот. Гелот нанесувајте го само на неоштетена кожа.

‘Рскавицата е мазен, лизгачки материјал, кој овозможува две коски во зглобот да лизгаат една преку друга и така да обезбедат движење. Намалената еластичност на ‘рскавицата доведува до развој на симптоми на болка, воспаление и слаба подвижност. Главна карактеристика на овие заболувања е пропаѓање на ‘рскавицата кое освен болка доведува до вкочанетост, отеченост и отежната подвижност. Можат да бидат зафатени било кои делови од телото, најчесто зглобовите на рацете, колената и ‘рбетот, а со напредување на болеста симптомите стануваат посилни и поинтензивни. Овие тегоби се составен дел на стареењето, но се и сé почеста појава кај младите, поради зголеменото оптоварување на зглобовите (спортисти, лица изложени на тежок физички напор), прекумерната телесна тежина, или наследните генетски предиспозиции.

МСМ – Метил сулфонил метан (МСМ) влијае врз цврстината и стабилноста на врзното ткиво, го потпомага функционирањето на зглобовите и претставува извор на сулфур, кој е од голема важност за коските. МСМ влијае врз зголемување на синовијалната течност во зглобовите и ја штити ‘рскавицата од оштетување. Значително го намалува отокот на зглобот кој предизвикува болка.

Препорака: За уште подобри резултати, користете ги Glucosamin complex прашокот напоредно со Glucosamin complex гелот.

Хијалуронската киселина учествува во изградбата на ‘рскавицата. Кај хроничните, воспалителни процеси (остеоартритис) доаѓа до разградување на хијалуронската киселина и оштетување на ‘рскавицата. Хијалуронската киселина е дел од колагенот во сите ткива на организмот – ‘рскавицата, коскеното и мускулно ткиво, тетивите, лигаментите и кожата. Таа ги подмачкува зглобовите, ја одржува нивната здрава функција така што ја зголемува вискозноста на синовијалната течност во зглобовите, и ја прави ‘рскавицата помеѓу коските поеластична.

Vrati se na vrvot