Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Ferifolik Direct, прашок за директна примена

Ferifolik Direct, прашок за директна примена, формулиран е врз база на железо (во форма на фери-пирофосфат) и фолна киселина, со додаток на витамините Б6 и Б12, кои се неопходни нутриенти за правилен развој на црвените крвни клетки, и витаминот Ц кој влијае на подобра искористеност на железото.

Ferifolik Direct, прашок за директна примена, го обезбедува железото неопходно за создавање на хемоглобинот и црвените крвни зрнца, го намалува чувството на умор и исцрпеност, придонесува за адекватен транспорт на кислород во организмот и  правилно функционирање на имунолошкиот систем. Оваа форма на железо идеално го следи современото темпо на живот и овозможува брз, едноставен и конфорен надоместок во секоја можност. Производот е со мошне пријатен вкус, збогатен со арома на шумско овошје. Не содржи шеќер, како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и ацесулфам К, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.

  • Железо (во форма на железо (III)-пирофосфат)
  • Фолна киселина
  • Витамин Ц
  • Витамин Б6
  • Витамин Б12

Железото како значаен олигоелемент, влегува во состав на хем и на тој начин придонесува за нормална синтеза на хемоглобинот и црвените крвни клетки, како и за нормален транспорт на кислород во организмот.
Од недостатокот на железо се предизвикани околу 50% од сите анемии.

Фери-пирофосфат како тровалентна сол на железото обезбедува добра гастрична поднесливост. Технолошки е постигнато отсуство на металниот вкус после примена, како и отсуство на промена на пигментацијата на забите. Отсуството на иритација на гастроинтестиналниот тракт е посебно значајно за бремените жени бидејќи периодот на бременост обично е проследен со мачнини, повраќање, метеоризам и опстипација.

Фолната кислеина и витамините Б6 и Б12 влијаат на созревање на еритроцитите, учествуваат во нормалниот метаболизам на хомоцистеинот и придонесуваат за оптимално функционирање на имунолошкиот систем. Суплементацијата со фолна кислеина е неопходна во периодот на бременост поради правилниот развој на плодот и затворање на невралната цевка.

Витаминот Ц придонесува за подобра апсорпција на железото на два начина: гради растворливи железо-аскробат хелати и ја претвора фери формата на железо во порастворлива фери форма.

Се препорачува:

  • Во текот на бременоста и за време на лактацијата
  • Кај анемиите предизвикани од недостаток на железо и/или фолна киселина
  • Во состојби на умор и исцрпеност
  • Во периодот на подготовка за бременост
  • За превенција на предменструалниот синдром и кај обилните менструални крварења
Врати се на врвот