Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Burra Dermalift volume up крем за врат, деколте и гради

BURЯA Dermalift volume up крем за врат, деколте и гради претставува anti-age третман за нега и регенерација на зрелата кожа на врат, деколте и гради.

Интензивно ја подмладува кожата на вратот и обезбедува долготраен лифтинг ефект, со што ги одложува инвазивните третмани.

Иновативната формулација дополнително го зголемува волуменот на градите, ја храни и негува кожата, делувајќи антиоксидативно во склоп со нејзините физиолошки потреби.

Благодарение на дејството на активните компоненти и високото антиоксидативно влијание на кожата, активните принципи продираат во сите слоеви на кожата – и тоа без игла! Тогаш постепено отпочнува процесот на регенерација, посебно на кожата на вратот, на клеточно и интраклеточно ниво.

По нанесувањето на кремот, кожата брзо ја добива посакуваната еластичност, станува поцврста и позатегната.

  • Leontopodium Alpinum Callus Culture Extract
  • Palmitoyl Isoleucine
  • масло од марула 
  • арганово масло

Кремот содржи активен принцип, кој се заснова на матични клетки од растението Рунолист (Leontopodium Alpinum Callus Culture Extract), екстракт кој се добива со таканаречена ХТН технологија во гликолна суспензија, без присуство на конзерванси.

Благодарение на високото антиоксидативно дејство на активната компонента Majestem, екстрахирана од растението Рунолист, овозможува видливи резултати од лифтинг ефектот на опуштената кожа на вратот, деколтето и градите и Palmityol Isoleucin кој ја зацврстува кожата на градите.

Овие активни состојки ја штитат кожата од оксидативен стрес (загадување на воздухот, UV зрачење), влијаат на обновување на клетките на кожата, обезбедуваат цврстина, бидејќи овозможуваат подобро создавање на колагени и еластични влакна штитејќи го интегритетот на кожата.

За разлика од апаратурните методи во козметичките процедури BURЯA Dermalift volume up кремот го убрзува обновувањето на клеточните структури, а надоместената стимулација на синтеза на колаген и еластин, го поттикнува ефектот на затегнување на кожата, давајќи многу подобри долгорочни резултати од поединечните инвазивни хируршки методи.

  • Видно ги ублажува брчките и го подобрува тонусот на кожата
  • Поттикнува регенерација на кожата на врат, деколте и гради
  • Го зголемува волуменот на градите
  • Наменет е и за чувствителна кожа
  • Дава долготраен ефект на хидратација
Врати се на врвот