Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

BURЯA ШАМПОН ПРОТИВ ПРВУТ И ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОСА

BURЯA шампонот против првут и за зајакнување на коса делува на зачувување на протеинската структура на косата, ги редуцира оштетувањата по стилизирање на косата, ефикасно ја контролира појавата на првут, додека истовремено нежно ги отстранува нечистотиите и формираниот првут од кожата на главата и косата. Неговата блага формулација ги смирува иритациите на кожата на главата, намалувајќи ја појавата на чешање уште по првото миење, додека неговите посебни агенси ѝ даваат на косата здрав сјај и мекост. Сувиот првут исчезнува веќе после неколку дена при секојдневна употреба на шампонот. Содржи неколку многу важни состојки, Pirokton Olamin кој делува антисебороично и го намалува потенцијалот за појава на првут и овошни киселини кои ги отстрануваат изумрените клетки и помагаат во создавање на нови здрави клетки на кожата на главата. Шампонот длабински го чисти темето и кожата на главата, со што допринесува во подобрен квалитет на косата.

 

  • Пироктон оламин
  • Биотиноил трипептид -1
  • Растителни протеини
  • Салицилна, јаболкова и олеанолинска киселина
  • Магнезиум хлорид

BURЯA шампонот против првут и за зајакнување на коса е формулиран врз база на главната активна супстанца пироктон оламин, овошни киселини, biotinoyl tripeptide -1, апигенин, протеини, магнезиум хлорид, салицилна, јаболкова и олеанолинска киселина. Пироктон оламинот делува антисебороично и го намалува потенцијалот за појава на првут, додека овошните киселини ги отстрануваат изумрените клетки и помагаат во создавање на нови здрави клетки на кожата на главата. Биотиноил трипептид-1 го стимулира метаболизмот на клетките на косата и кожата, го убрзува растот и го зајакнува коренот на косата. Ја подобрува еластичноста и волуменот на косата. Растителните протеини со потекло од семе на сладок бадем ја прават косата мека и здрава. Го спречуваат кршењето и опаѓањето на косата, зголемувајќи го нејзиниот сјај. Делуваат на зачувување на протеинската структура на косата, ги редуцирааат оштетувањата по стилизирање на косата, ја контролираат појавата на првут, додека истовремено нежно ги отстрануваат нечистотиите и формираниот првут од кожата на главата и косата. Салицилната киселина делува кератолитички, бидејќи ги отстранува формираните лушпи од кожата на главата, го омекнува и отстранува првутот, додека јаболковата киселина дополнително ја штити косата од оштетување и ги неутрализира формираните алкални остатоци, што на косата ѝ обезбедува дополнителен сјај и мекост. Олеанолинската киселина со потекло од маслинов лист, ја инхибира 5α редуктазата со што го намалува опаѓањето на косата. Го спречува кинењето на косата и го забрзува растот на нова коса. Магнезиум хлоридот ја смирува кожата на главата, влијае на отстранување на статичкото наелектризирање на косата, спречувајќи оштетувања при изведување на козметички процедури и чешлање.

Благата формулација на овој шампон делува смирувачки на иритациите присутни на кожата на главата, намалувајќи ја појавата на чешање уште по првото миење истовремено давајќи ѝ на косата здрав сјај, мекост и волумен. Ефикасно го отстранува првутот веќе после неколку денови од почетокот на употреба на шампонот. Со користење на шампонот два до три пати неделно, доаѓа до значително намалување на чешањето и првутот веќе после две недели употреба.

Растот на косата значително се поправа во првите шест недели од користење на шампонот, бидејќи процентот на бројот на влакна во анагена фаза од растот се зголемува. Шампонот дополнително делува бактериостатски и фунгицидно, го сузбива прекумерниот раст на габички на тој начин намалувајќи го потенцијалот за создавање на нов првут и мастење на кожата на главата, враќајќи ја рН рамнотежата на кожата на главата. Шампонот длабински го чисти темето и кожата на главата, со што допринесува во видно подобрување на квалитетот на косата.

Се препорачува:

  • За отстранување на сув првут и зајакнување на косата
  • За воспоставување на рН рамнотежа на кожата на главата
  • За длабинска исхрана и хидратација на скалпот
  • За подобрување на волуменот и растот на косата
  • Кај прекумерно опаѓање и кршење на косата

Упатство за употреба BURЯA шампонот против првут и за зајакнување на коса

Vrati se na vrvot