Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

100% Whey протеини

Благодарение на богатиот извор на есенцијални аминокиселини, Shape Up Whey протеинот претставува идеален додаток во исхраната на спортистите.

Неопходен е и незаменлив извор на протеини пред и по тренингот, бидејќи мускулите тогаш се најподложни на разградување и треба дополнително да се нахранат.

Може да се употребува со било кој оброк или самостојно во посебни околности (диета, за рехабилитација на организмот и сл.)

  • Малина 
  • Панакота

Shape Up Whey протеинот е изграден според високи стандарди и содржи само природни аминокиселини, добиени од 100% – на протеинска сурутка.
Протеините од сурутка претставуваат најбогат извор на BCAA аминокиселини: леуцин, изолеуцин и валин, кои имаат значајна улога во изградбата на мускулното ткиво, односно претставуваат 1/3 од мускулното ткиво. Истовремено, тие ги чуваат резервите на гликоген во мускулите од претерано разложување во текот на физичкиот напор.

BCAA аминокиселините се од неизмерно значење за спортистите, бидејќи се метаболизираат во мускулите многу почесто отколку во црниот дроб, со што придонесуваат за брза исхрана и изградба на мускулите. Откако протеинот е разложен на индивидуални аминокиселини, тие пак можат да се искористат за создавање на нови протеини, како и за “гориво” за производство на енергија.

Покрај високото ниво на BCAA, Shape Up Whey протеинот содржи и високо ниво на глутамин, аминокиселина која е од витална важност за изградба на мускулите.
Глутаминот покажува извонредни резултати кај физички активните лица, особено оние кои сакаат да ја зголемат мускулната маса и притоа да ја намалат телесната маснотија. Влијае врз зголемување на клеточниот и мускулен волумен. Покрај тоа, глутаминот е придонесува за правилно и брзо опоравување по тренинг, затоа што помага во имунолошките процеси на организмот.

  • Висок ниво на BCAA и глутамини
  • Нискокалоричен
  • Одлична растворливост
  • Придонесува за зголемување и пораст на мускулната маса
  • Помагаат во одржување на мускулната маса и коските во организмот
Vrati se na vrvot