Производи

ЖИВЕЈТЕ ПОУБАВО, ПОЗДРАВО И ПОДОЛГО

Употребата на лековити билки е стара колку и човештвото.Со испробување на разните тревки, човекот се запознавал, ги разликувал и со векови го собирал практичното искуство на нивните благотворни дејства.

Така стекнатата вештина се пренесувала од генерација на генерација до денес. Природата останува голема лабораторија во која се одвиваат бескрајни, многу фини и деликатни процеси. Во билките се мешаат елементите во многу прецизни односи, супстанциите се во прирородна состојба, органски врзани и токму такви човековиот организам ги прима и апсорбира без отпор и негативни реакции.

Современите истражувања докажуваат дека рецептурите на нашите предци, кои лечеле со даровите од природата, се ненадминати во превенција и ублажување на многу болести. Човечкиот век се продолжува, стресното темпо на на живот доведува до сериозни здравствени тегоби, а диететските суплементи стануваат неопходни во секојдневниот живот.

Помалку заборавеното традиционално знаење сокриено во природните оази, врвните стручњаци на ESENSA  со најновите сознанија од областа на фармација и медицина, како и со најквалитетна технологија, направија исклучителни производи, прилагодувајќи ги на современото доба.

Ваков принцип на производство ја подржува обновената потребата за живот во хармонија со природата, за здрав живот. Блискоста со природата и довербата во нејзините даровити својства се основа на вниманието кое треба нужно да се подари на човечкиот организам. Љубовта и оптимизмот посветени  се во пронаоѓање и чување на лековитите сокови по традиционална рецептура. Познато е дека од билките е многу тешко да се извлечат потрбните супстанци.За тоа се трошат тони растенија, кои подлежат на долг процес на подготовки до финален производ. А тоа ги чини драгоцени.

Врвниот квалитет на производите на ESENSA постигнат е со примена на најновите светски сознанија и технолошки достигнувања, внимателен избор на лековитите билки, користејќи ги сите тајни знаења на традиционалниот начин и приготвување ефектни екстракти, кои благотворно делуваат на организмот.

 Во секој производ ESENSA ни овозможува да ѕирнеме во царството на мистериозните лековити својства и да го добиеме најдоброто од природата. Проверете зошто?